Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Божидар Митревски: Настапот за првиот тим на Вардар и освоениот турнир во Сараево со пионерите се најдобрите моменти од моето доаѓање во клубот
Божидар Митревски: Настапот за првиот тим на Вардар и освоениот турнир во Сараево со пионерите се најдобрите моменти од моето доаѓање во клубот

Божидар Митревски: Настапот за првиот тим на Вардар и освоениот турнир во Сараево со пионерите се најдобрите моменти од моето доаѓање во клубот

Актуелен репрезентативец на Македонија до 18 години и член на кадетскиот состав на ФК Вардар. Се работи за Божидар Митревски, кој на почетокот на оваа година го засили Вардар од тимот на Работнички. Игра на средината на теренот, а во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше паралелно за пионерите и кадетите на Вардар. Во следниов наш текст зборуваме со Митревски, како се случи преминот од градскиот ривал во Вардар, за неговите настапи во црвено-црниот дрес и за очекувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, која започнува претстојниов викенд.

-Моите добри игри во Работнички и во репрезентацијата беа забележани од страна на тренерите Сашо Јанев и Сашо Тодоровски уште во 2016 година и од тогаш започнаа разговорите, но поради некои причини не се оствари трансферот. Кон крајот на 2017 разговорите за трансфер се интензивираа за во јануари оваа година да се оствари. Најзаслужен за мојот премин во Вардар беше Бобан Бабунски, како тогашен директор на младинската школа, но исто така и желбата да се носи дресот на Вардар.

40253638_228566188002673_701390325763014656_n

Секоја промена на средината е тешка, но Митревски се наметна во составот на пионерите како стартер, а добиваше шанса да настапува и за кадетите.

-Промена како промена беше тешка. Играчите ме прифатија одлично исто како и стручниот штаб. Малку потешко ми беше да се вклопам во играта поради различниот коцепт на игра кој го бараа тренерите. Се на се мислам дека 3 месеци беа доволни за да се вклопам во тој концепт. На почетокот не можев да го прикажам најдоброто, но со текот на времето стекнав самодоверба, напорно тренирав и успеав да влезам во посакувана форма. Играњето за една генерација постари беше едно скалило погоре за мене, но паралелно играв и за мојата генерација со која стигнавме до финале во купот. Промените од еден на друг тренер не беа тешки затоа што скоро сите тренери го бараа истото

Дебито за првиот тим на Вардар, на дуелот со Силекс, како и освоениот турнир со пионерите во Сараево, се моментите кои Митревски ги одбележува во првите шест месеци поминати во Вардар.

40248442_261784791138714_4485688475579842560_n

-Најголема мотивација беше мојот настап за првиот тим на мечот против Силекс. Турнирот во Сараево беше едно одлично искуство за мене. Прикажавме одлична игра и го освоивме првото место, со голема заслуга на тренерот Томче Трајановски. Организацијата на турнирот беше одлична, на него учествуваа осум силни екипи од Балканот. На четирите утакмици имаве три победи, една нерешена, 8 постигнати и само 1 примен гол. Со тоа покажавме целосна доминација.

Златко Таневски ќе биде тренер на кадетите во новата сезона, а сигурно дека Митревски ќе добива и одредена минутажа за младинскиот состав. Стартот на сезоната е во сабота, со дуелите против Македонија Ѓ.П.

-Подготовките за новата сезона поминаа одлично, се работи многу напорно во полна пареа на чело со новиот тренер Златко Таневски и Ане Андовски и се надевам дека оваа сезона ке ја освоиме дуплата круна. Веќе претстојниов викенд го играме првиот натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П, на кој очекувам освојување на трите бодови.

Како што напоменавме се работи за постојан репрезентативец на младинските селекции. Митревски очекува уште подобри игри од него, за оправдување на довербата кај селекторот.

40258773_470096983473146_709034628815519744_n

-Во текот на следниот месец не очекува двомеч против Полска со националниот тим. Очекувам добра игра од моја страна, зголемување на довербата кај селекторот и повик и на следните собири.

Звонко Ивановски