Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2004„ го освои шесттото место на првото издание на меморијалниот турнир “Милан Мика Зиројевиќ„
ФК Вардар генер. “2004„ го освои шесттото место на првото издание на меморијалниот турнир “Милан Мика Зиројевиќ„

ФК Вардар генер. “2004„ го освои шесттото место на првото издание на меморијалниот турнир “Милан Мика Зиројевиќ„

Генерацијата на ФК Вардар родени “2004„ година го освоија шесттото место на првото издание на меморијалниот меѓународниот турнир  “Милан Мика Зиројевиќ„ во Никшиќ. Денес за пласман на петтото место во еден квалитетен натпревар, избраниците на Петар Георгиевски беа поразени од екипата на Будуќност, со резултат 2:1.

Вардар: Ангелов, Стојановски, Милошевски, Јаневски, Павлески, Каровски, Серафимов, Хајдари, Перковски, Гуџуфи, Ибраим.

По првото полувреме екипата од Подгорица имаше предност од 2:0, додека во вториот дел, вардарци намалија на 2:1 со голот на Левент Ибраим. Головите противникот ги постигна во 18 и 33 минута од пенал, додека црвено-црните намалија во 60 минута.

На турнирот одигравме вкупно три натпревари, на кои забележавме една победа ( Влазниа 4:0), додека бевме поразени во дуелите со ( Зрински, на пенали 7:6) и денес во борба за пласман, против Будуќност (2:1).

Во големото финале на турнирот ќе играат екипите на Сујеска и Академијата на Пушкаш. За третото место ќе се борат Зрински и Железничар. Седмото место им припадна на Црвена Ѕвезда која беше подобра од екипата на Влазниа и ја совлада со резултат 2:1.