Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Јуниорот Какруки останува во црвено-црното семејство
Кошарка: Јуниорот  Какруки останува во црвено-црното семејство

Кошарка: Јуниорот Какруки останува во црвено-црното семејство

Кошаркарскиот машки колектив оваа сезона ќе биде дел од најсилната кошаркарска лига во земјава откако лани преку натпреварувањето во втората лига обезбеди промоција во елитата. Досега четири играчи го засилија црвено-црниот тим. Станува збор за тројца американци и повратникот Робев Дамјан. Покрај тоа ангажиран е и кондиционен тренер, Сашо Пецев. Вардар покрај ова продолжи договор и на еден млад играч кој беше број еден во македонската селекција на штотуку завршеното ЕП ( Б-дивизија) кое се играше во Скопје. Во известувањето за ова тие велат:

Го продолживме договорот со 18-годишниот Какруки, еден од најдобрите наши играчи , воедно и еден од најдобрите во македонската репрезентацијата на последното јуниорско Европско првенство што се одржа во Скопје.

Одлучив да останам и оваа година во Вардар поради што многу сум задоволен од условите во овој клуб, од управата и стручниот тим. Навистина се надевам дека ќе имаме голем успех следнава сезона” – изјави Валмир.

Ние како клуб сме навистина среќни што ги задржуваме играчите од минатата сезона и надополнети со тројцата странци мислиме дека ќе бидеме достоен конкурент помеѓу големите клубови.