Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кој ќе биде десеттиот учесник во СЕХА-лигата, дали ќе ја гледаме Стеауа во Скопје
Кој ќе биде десеттиот учесник во СЕХА-лигата, дали ќе ја гледаме Стеауа во Скопје

Кој ќе биде десеттиот учесник во СЕХА-лигата, дали ќе ја гледаме Стеауа во Скопје

Останаа уште нецели три недели до почетокот на новата натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата, а се уште го чекаме десеттиот учесник во ова натпреварување.

Веќе од претходно се познати деветте екипи, кои во новата сезона ќе бидат дел од лигата и ќе се борат за трофејот. Вардар и Металург ( Македонија), ППД Загреб и Нексе ( Хрватска ), Железничар и Војводина ( Србија), Извиѓач ( БИХ), Брест Мешков ( Белорусија) и Татран Прешов ( Словачка) се веќе познатите екипи во СЕХА-лигата.

Денес во Букурешт требаше да се одржи состанок меѓу челните луѓе на СЕХА и екипата на Стеауа од Романија, која има голема желба за прв пат да биде дел од балканската лига. Откако добија позитивен сигнал од романската федерација, за тимот на Стеауа останува да се договори уште со луѓето во СЕХА-лигата, за тоа дали тие би го заокружиле списокот на натпреварувачи за оваа сезона.

Романскиот ракомет е во подем, па добро во било, Стеауа да ја гледаме во Скопје и во СЕХА лигата. Вардар е најтрофеен тим во ова натпреварување со вкупно четири трофеи и актуелен освојувач на истото.