Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП М16: Македонија поразена во Русија, Марко Величковски “двоцифрен“
ЕП М16: Македонија поразена во Русија, Марко Величковски “двоцифрен“

ЕП М16: Македонија поразена во Русија, Марко Величковски “двоцифрен“

Кадетите го започнаа настапот на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години со пораз. Во рамки на групната фаза, нашите кошаркари ќе разигруваат со селекциите на Данска, Белгија, Словачка, Норвешка и со Русија која вчера ни го нанесе првиот пораз.

Избраниците на Алекандар Јованчев резултатски заостануваа во првиот период, но во десетте минути што следеа успеаја да ја вратат предноста во своја корист. По паузата на полувремето нашите кадети не продолжија со истата игра како кон крајот на првиот дел од натпреварот што резултира со двоцифрена негатива, која до крајот успеаха да ја намалат, до конечни 69-75. Вардарецот, Марко Величковски имаше двоцифрен ефект, тој постигна 10.поени на овој дуел и одигра повеќе од 16.минути на паркетот во Сараево.