Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ви го претставуваме Хамбург, првиот противник на Вардар во подготвителниот период
Ви го претставуваме Хамбург, првиот противник на Вардар во подготвителниот период

Ви го претставуваме Хамбург, првиот противник на Вардар во подготвителниот период

Вечерва со почеток од 20:15 часот, црвено-црните ќе го одиграат својот прв натпревар, на турнирите кои се предвидени како подготовка за новата натпреварувачка сезона. Тоа е турнирот “Хеиде Куп„, на кој ќе настапат силни европски екипи.

Прв противник за вардарци, ќе биде поранешниот шампион на Европа и бундеслигата, тоа е екипата на Хамбург која во новата сезона ќе се натпреварува во втората по квалитет лига во Германија. За Хамбург не знаеме многу, освен тоа дека во тимот настапува и еден поранешен вардарец, се работи за левиот бек и поранешен репрезентативец на Хрватска, Блаженко Лацковиќ. Хрватот и порано настапуваше за Хамбург и тоа во периодот од 2008-2014 година, кога стигна и распадот на клубот, кој западна во тешка финансиска ситуација. Следен негов клуб беше Вардар, во кој помина две сезони, но голем дел од мечевите ги пропушти поради повреда, се врати на теренот, но не успеа да ги задоволи вкусовите на Вардар и тренерот Раул Гонзалез. Се пресели една сезона во Кил, па следеше враќање во Хамбург, екипата во која ги имаше најголемите успеси во неговата играчка кариера.

Второто име кое е познато за ракометната јавност во Македонија е голманот Арон Рафн Едвардсон, кој летово беше поврзуван со трансфер во Вардар, но тоа не се случи, па потпиша договор токму со тимот на Хамбург.

Се работи за многу млад состав, кој има амбиции да се врати во најсилната прва лига. Токму Лацковиќ е најискусниот и највозрасен ракометар во тимот. Во средата, нашиот противник одигра контролен меч против Хорнебург, кој го добија убедливо со резултат 35:19. Стрим од вечерашниот дуел на Вардар и Хамбург, можете да погледнете на линкот, ТУКА.