Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија, ФК Вардар генерација родени 2004 година одиграа два дуела во детската лига. Избраниците на Ане Андовски дојдоа до две високи победи со екипите на Кул Здравје-1 и со тимот на Викторија.
Интересен натпревар одиграа Вардар (1) и екипата на Кул Здравје 1. Првиот удар кон еден од головите го имаше екипата на Кул, но нашито голман денес не дозволи да биде изненаден. Прва поголема шанса ја имаше сепак екипата на Вардар, но Георг Стојановски биеше покрај голот на противникот. Кул се покажа како рамноправен противник во првиот дел и даваше силен отпор на нашиот состав. Противникот имаше уште еден обид, но повторно на место е Василев. Марио Ричков биеше директно од слободен удар, кој завршува покрај голот. Продолжи брзата игра на двете страни, со желба да се отвори резултатот. Нова шанса имаше Вардар, најпрво биеше Ричков одбрани голманот, на наидената топка наиде Георг кој ја погоди само стативата. Шанса на спротивната страна имаше и Кул Здравје, но повторно Василев спасува негатива. Прв обид кон голот на противникот имаше и Стефан Стојановски, кој бие над голот. Можеби најголемата шанса пред да го отвориме резултатот ја имаше Огнен Здравковски, но со чудесна реакција еден од противничките играчи спасува од гол линијата. Сепак Кул неможеше вечно да се брани и конечно капитулира. Избраниците на Ане Андовски успеваат да го отворат резултатот со голот на Георг Стојановски за предност од 1:0. До крајот на првиот дел уште еден гол за црвено-цните. Одлична акација која ја заврѓува Горазд Попов кој со глава ја сместува топката во мрежата, откако претходно нафрли Ричков. На одмор се замина со резултат од 2:0.
И физичката подготвеност и квалитетот беа несомнено на наша страна, а уште во првата минута од вториот дел Вардарци зголемуваат на 3:0. Стрелец на голот е Георг Стојановски, на одлична асистенција од Ричков. Во следните минути искористуваме грешка на голманот, за да го зголемиме резултатот на 4:0, со нов погодок на Георг Стојановски. Како одминуваше натпреварот се помалку сили имаше Кул да парира на нашиот состав. Нов гол во мрежата на противникот,а во листата на стрелци се запишува одличниот денес Марио Ричков за убедливи 5:0. Имавме нови шанси во продолжение од натпреварот и сакавме да постигнеме уште некој гол. Тоа и се случи и со нов гол на Георг Стојановски зголемуваме на 6:0. Целосна офанзива на Вардарци кон противничкиот гол, резултира со зголемување на резултатот на 7:0. Стрелец на голот е Горазд Попов за предност од 7:0. Истиов играч постигнува набрзина уште еден гол и тоа по асистенција на Ричков, кој денес беше безпрекорен. Резултатот е веќе 8:0. Конечните 9:0 на натпреварот ги постави Игор Јаневски, по што судијата отсвири крај на мечот.
Убедлива победа и за Вардар (2) која се сретна со екипата на Викторија. И тука доминиравме во секој поглед на фудбалската игра и не дозволивме никакво изненадување. Во првите осум минути, екипата на Викторија успеа да ја зачува својата мрежа незатресена, но потоа следуваше вистинска голеада. Резултатот го отвори Гуџуфи за водство од 1:0. Во следните минути, екипата на Викторија успеа да си постигне авто гол, но голот го препишуваме на Димитар Стоимов, кој последен упати удар за предност од 2:0. Екипата на Викторија беше во целосна дефанзива, но ниту тоа не им успеа да ја одбранат својата мрежа. Соборен еден наш играч во противничкиот шеснаесетник, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор е Матео Софијански за резултат од 3:0. Тука не застаневме и продолживме да ја играме препознатливата игра на теренот. Следиме нов гол, прв за Марко Софијаноски, откако претходно биеше Гуџуфи, голманот ја одби топката на која наиде Марко за водство од 4:0. До крајот на првиот дел уште четири погодоци во противничката мрежа. На 5:0 зголеми Марко Софијаноски, за уште еден гол вкупно шестти во мрежата на Викторија да постигне Стоимов (6:0), за голеадата во првиот дел да ја продолжи Теодор Перковски (7:0). Конечни 8:о по првиот дел се дело на Никола Павлески со удар од белата точка.
Во вториот дел само ја зголемивме предноста од минута во минута го газевме противникот стигајќи до убедлива победа. Мечот заврши со триумф на црвено-црниот тим со краен резултат 14-0. Во вториот дел постигнавме уште нови шест погодоци. Три гола беа дело на Гуџуфи, а по еден постигнаа Лука Ивановски, Никола Павлески и Теодор Перковски. Со оваа победа продолживме со низата на позитивни резултати кај оваа генерација во детската лига.