Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Во “инфаркт“ завршница, кадетите на РК Вардар ја победија Струга и закажаа финале со Металург

Во “инфаркт“ завршница, кадетите на РК Вардар ја победија Струга и закажаа финале со Металург

Денес во спортската сала во населбата Автокоманда се игра завршниот турнир во машката кадетска лига. Вардаровите кадети ќе играат во големото финале, откако во полуфиналето беа подобри од екипата на Струга со резултат 28:27.

Натпреварот со гол го отвори Христи Биковски, додека веднаш после него погоди и Мисаилески за почетно водство од 2:0. Нашиот голман, Марко Кизиќ уште на стартот најави дека ќе биде главна фигура на овој натпревар и веднаш зад своето име бележи две успешни интервенции. Првиот гол противникот го постигнува во петтата минута за намалување на 2:1. Црвено-црните уште на почетокот на мечот се издвоија резултатски кога во шесттата минута со голот на Тони Атанаосовски поведоа со 4:1. Делувавме добро на теренот, кај нашиот тим се чуствуваше голема желба ѕа надигрување, Кизиќ на голот стигнува и до својата петта успешна интервенција, додека со голот на Атанасовски во 9 минута ја одржувавме позитивата од четири погодоци. Следиме уште една, но сега двојна интервенција на Кизиќ, кој им овозможува на своите соиграчи да погодат во следните два напади и да зголемат на 8:2.

vardarfans-kadeti

На средината на првото полувреме, избраниците на Чивлачки и Грчевски имаа и највисоки седум голови предност (10:3), со погодокот на Васе Наков. за момент екипата на Струга ја смали негативата на пет гола, но брзо враќа Вардар и со голот на Биковски во 19 минута ги враќаме највисоките 13:6. Во последните 15 минути, тренерскиот тандем на клупата на Вардар се реши да ја смени речиси цела стартна постава, а во тој период екипата на Струга прави серија од 0:3 и намалува н на 19:15. Во овој дел од мечот се играше многу неефикасно на двете страни, Струга имаше можност да намала 13:9. Во следните пет минути, нашиот состав повторно се врати на солидни шест гола разлика (18:12), но дозволи до крајот на првиот дел да прими три погодоци и на одмор да има само три гола позитва (18:15).

17861629_1300832353296941_4815686275696366212_n

Првиот гол во второто полувреме беше постигнат дури по пет минути игра, а беше дело на Васе Наков кој ѕголемии и на само еден гол негатива, но не успеаа да искористат два напади. На голот Тушев го замени Кизиќ. Сепак Вардар е тимот кој ја одржува предноста од 2- 4 голови раѕлика. Точно на 15 минути пред крајот на мечот, имавме водство од 25:22. На голот се врати Кизиќ, што значеше и нови одбрани зад неговото име. На девет минути пред крај имавме контрола на резултатот, но сеуште немавме сигурна предност за да прогласиме предвреме победа. Струга сериозно се закани, кога за прв пат намали на само еден гол негатива, во 54 минута резултатот гласеше 26:25. Инфаркт завршница во последните четири минути, Струга успеа дури да израмни на 26:26 и да има играч повеќе.

vardarfans-1

Сепак може да се каже дека херој во победата беше нашиот голман Марко Кизиќ кој во последните минути имаше три успешни интервенции, со кои спречи големо изненадување. Се беше јано кога Вардар поведе со 28:26, на 30 секунди пред крајот. Во последниот напад, противникот постигна гол и ги постави конечните 28:27.

Најефикасен беше Васе Наков со 5 голови, додека по 4 додадоа Мајсторовски и Атанасовски. Во големото финале вечерва во истава сала од 19:45 часот ќе играме со екипата на Металург.