Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познат составот кој ќе се спротивстави на Митјиланд

Познат составот кој ќе се спротивстави на Митјиланд

Вардарки денес го играат првиот натпревар од четвртфиналето во лигата на шампионите. Со почеток од 17 часот тие ќе гостуваат на екипата на Митјиланд. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Будимпешта и ќе ја има можноста да се бори за Европската титула.

Стручниот штаб на вардарки  го објави составот кој денес ќе се спротивстави на Митјиланд. Тоа се: Суслина, Лејно, Песоа, Радичевиќ, Ристовска, Херем, Мавсар, Дамњановиќ, Хмирова, Лекиќ, Кликовац, Лакрабер,  Алтхаус, Човиќ и Пенезиќ.

Им посакуваме среќа на Вардарки и секако победа уште на првиот меч, за зголемување на шансите за пласман на Ф4.