Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дерби во регионалната-скопска лига, генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар во петок гостуваат во Тетово
Дерби во регионалната-скопска лига, генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар во петок гостуваат во Тетово

Дерби во регионалната-скопска лига, генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар во петок гостуваат во Тетово

Во петок своето прво пролетно коло во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар. Нашите млади надежи ќе гостуваат во Тетово, на екипата на Шкендија. Мечевите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Генерацијата 2005 на Вардар го заврши есенскиот дел од сезоната на првото место, со само еден и единствен пораз од екипата на Кул. Вардар го доби првиот меѓусебен дуел сезонава со екипата на Шкендија, кога на домашен терен го совладавме противникот со резултат 4:1. Што се однесува до табелата, избраниците на Зоран Петковски се уште се на првото место. Во првото коло одигравме ревијални мечеви со Академијата на ФФМ кои не се бодуваат, а ниту Кул не одигра меч, со оглед дека нивното соочување со екипата на Форца беше одложено. Така Вардар во дербито ќе влезе како лидер со 36 бодови, тимот на Кул е втор со 35 ( двете екипи имаат по 13 дуели), додека со натпревар повеќе на 3.место е Шкендија која има 33 бодови.

Генерацијата 2006 на Вардар е исто така лидер во својата категорија. Момците на Спасески имаа одличен есенски дел, во кој на 14 одиграни натпревари имаат исто толку победи. Во петок ќе се обидат по втор пат сезонава да го победат големиот ривал и да се зацврстат на врвот на табелата. Првиот меч го добивме убедливо во своја корист со резултат 6:0. Вардар е на првата позиција со 42 бодови, втор е Милано со 35, додека Шкендија има 34 бодови, со напомена дека и двата наши конкуренти за трофејот имаат натпревар повеќе.

Без оглед на која генерација се работи, гостувањата во Тетово се секогаш тешки и носат неизвесност, од тука очекуваме интересни дуели и на соочувањата на овие генерации во петок.