Алжирецот во редовите на Вардар, Калифа Гедбан од следната сезона се сели во Шпанија, во екипата на Адемар Леон. Гедбан до крајот на сезоната ќе го одработи договорот со Вардар, по што ќе го напушти клубот.
После доаѓањето на Борко Ристовски, јасно беше дека за Гедбан нема место во Вардар, па алжирецот се реши да ја промени средината. Со Вардар успеа минатата сезона да ја освои Европската титула, а со екипата на Адемар Леон потпиша договор на две години