Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Пеколен“ распоред за Вардар во следните 20 дена, Нексе, па Пик Сегед ќе ги одмерат силите со црвено-црните
„Пеколен“ распоред за Вардар во следните 20 дена, Нексе, па Пик Сегед ќе ги одмерат силите со црвено-црните

„Пеколен“ распоред за Вардар во следните 20 дена, Нексе, па Пик Сегед ќе ги одмерат силите со црвено-црните

Пеколен распоред во наредниот период го очекува актуелниот шампион на Европа и СЕХА-лигата. Црвено-црните во перидот од 8-29.март ќе одиграат четири тешки натпревари, а истите добиваат на тежина со оглед дека се работи за елиминациски дуели.

Најпрво на 8.март ( недела), Вардар гостува во Нашице, кај екипата на Нексе. Ова ќе биде прв натпревар од 1/4 финалето на СЕХА-лигата и последна пречка за црвено-црните кон патот до завршниот турнир, кој сезонава ќе се одигра во Задар.Вардар беше слободен во 1/8 финалето, со оглед дека го освои првото место во групата, додека Нексе мораше да помине преку Еурофарм Пелистер до најдобрите осум екипи. Една недела подоцна, односно на 15.март во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра реваншот меѓу екипите на Вардар и Нексе, по што ќе биде познат патникот на завршниот турнир.

После овие натпревари, Вардар го очекува уште потежок двомеч и тоа оној од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, против екипата на Пик Сегед. Ова ќе биде реприза на 1/4 финалната пресметка од минатата сезона, која му припадна на Вардар. Сепак, многу од играчите кои беа дел од тој дуел со Пик Сегед, ќе нема да бидат во составот на Европскиот Шампион за дуелите кои следат со вицешампионот на Унгарија, па од тука фаворитската улога се пропушта на Пик Сегед. Првиот дуел ќе се одигра во Скопје на 22.март, додека седум дена подоцна, на 29 март, Вардар ќе гостува во Унгарија.

Ова значи дека, вардарци ги очекува пеколен ритам во следниот период. Атман и Кристопанс веќе заминаа од клубот, повреден е Дисингер, нови засилувања се Ристовски и Мишевски, па ќе видиме како Вардар ќе помине на овие мечеви.