Викендов започна пролетниот дел до женската пионерска лига, на програмата во Група-1 беше 10.коло. Победи остварија екипите кои се пласирани од првата до четвртата позиција на табелата и кои имаат реални шанси за пласман на Ф-4 турнирот.
Тимовите кои атакуваат на 2.позиција која носи на Ф-4, екипите на Металург, Делчево Вардар и РК Аеродром успаа да запишат важни победи. ЖРК Вардар беше домаќин на тимот на Велкова-5. Избраничките на Платон и Папуџиева го задржаа 100% скор. Тие поведоа на полувреме со шест плус (13-7), во вториот дел ја окончаа доминацијата и победија со 25-13. На овој дуел Ива Ангеловска имаше 6 гола, втор стрелец беше Бојана Коцева(4), две девојки има по три гола, Сара Стефаноска и Борјана Коцева. Ова се постигнатите резултати:
* РК Алушовски – РК Аеродром 15:21
* РК Драчево - РК Ѓорче Петров 8:19
* ЖРК Вардар - РК Велкова-5 25:13
*РК Делчево Вардар -КЛ 7 Лазаров 22:17
*ЖРК Металург -ЖРК Куманово 19:15
На табелата се е јасно, ние со максимални 30.бода сме суверени лидери во оваа група и речиси сигурно пласирани на Ф4. Сино-белите дами од Автокоманда имаат задоцнување од пет бода, на 3.позиција е екипата на РК Аеродром со шест бода помалку на контото.
Во следното 11.коло, второ оваа пролет ние гостуваме кај екипата на РК КЛ7 Лазаров. Ова е распоредот на петте дуели за пионерските женски екипи во Групата-1:
* ЖРК Металург -РК Алушовски
* ЖРК Куманово- РК Делчево Вардар
* РК КЛ 7 -ЖРК Вардар
*РК Велкова 5 -РК Драчево
* РК Ѓорче Петров- РК Аеродром