Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Форца е следен противник за генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар, во рамките на регионалната-скопска лига
Форца е следен противник за генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар, во рамките на регионалната-скопска лига

Форца е следен противник за генер. 2005 и 2006 на ФК Вардар, во рамките на регионалната-скопска лига

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во недела ќе одиграат ново коло во рамките на регионалната-скопска лига. На теренот на Академијата нашите млади надежи ќе играат против екипата на Форца, натпревари на кои условно сме гости. По договор на двете екипи, иако Форца е домаќин, мечевите ќе се одиграат на Академијата на Вардар.

Генерацијата 2006 на Вардар ќе се обиде да стигне до осмата последователна победа сезонава во лигата. Фаворити сме во дуелот со Форца, екипа која се наоѓа на 9.место на табелата со 10 освоени бодови. Форца на седум одиграни натпревари има забележано три победи, еден нерешен резултат и три порази. Вардар се уште нема примено гол сезонава и има гол разлика од 39:0.

Генерацијата 2005 ќе се обиде да се врати на победничките патеки, откако во минатото коло бевме убедливо поразени на домашен терен од екипата на Кул. Се освоен триумф на Вардар големо изненадување на овој дуел. Во оваа категорија, екипата на Форца се наоѓа на 7.позиција со 11 освоени бодови. Три победи, по два нерешени резултати и порази има тимот на Форца.

Мечевите во недела ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.