Младиот состав на Вардар Јуниор после десет одиграни кола во најсилната Супер лига има скор од пет победи и исто толку порази. Избраниците не Стојан Петрушевски се наоѓаат во серија од три триумфи, откако ги совладаа екипите на Работнички, Пелистер и Радовиш.
Што се однесува до листата на најдобри стрелци во Супер-лигата, врвот и понатаму го држи играчот на Работнички, се работи за Давор Палевски кој после 10 одиграни кола има постигнато вкупно 105 голови. Во ТОП-10 листата место се уште има за средниот бек на Вардар Јуниор, се работи за Стефан Крстевски кој е лидер на тимот сезонава. Крстевски досега има постигнато 61 погодок, со кои се наоѓа на делба на 5 и 6.место. Погледнете како изгледа листата на најдобри стрелци во најсилната ракометна лига на Македонија, која после секое коло ја прави порталот 24 ракомет.
105 – Давор Палевски (Работнички)
94 – Ивица Илиев (Радовиш)
67 – Мартин Поповски (Пролет 62)
66 – Иван Џонов (Пролет 62)
61 – Филип Николов (Радовиш)
61 – Стефан Крстевски (Вардар Јуниор)
60 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)
58 – Лука Стојановиќ (Металург 2)
56 – Стефан Талески (Пелистер)
56 – Сергии Сулима (Работнички)