Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот на колото во ЛШ се игра во Полска, екипата на Кил го врати ударот, Веспрем и Монпелје фаворити за нови победи
Мечот на колото во ЛШ се игра во Полска, екипата на Кил го врати ударот, Веспрем и Монпелје фаворити за нови победи

Мечот на колото во ЛШ се игра во Полска, екипата на Кил го врати ударот, Веспрем и Монпелје фаворити за нови победи

Претстојниве денови не очекуваат натпревари во рамките на 8.коло во најсилната група Б.

Колото веќе го отворија екипите на Порто и Кил, а поуспешни беа „зебрите“ кои славеа триумф со резултат 29:30. Порто повторно имаше можност по втор пат за само неколку дена д го совлада тимот од бундеслигата, но на пет минути пред крајот испушти позитива од два гола, период во кој не успеаа да постигнат ниту еден гол, напротив Кил кој три пати ја тресеше нивната мрежа, кој на крајот беше доволен за победа.

Вардар гостува во Полска кај екипата на Киелце, терен на кој противниците многу тешко освојуваат бодови. Од друга страна Вардар е во големи проблеми со повредени играчи, во составот повторно ќе го нема Кристопанс кој не отпатува за Киелце. Инаку натпреварот е прогласен за меч на колото во ЛШ, додека првиот дуел на двете екипи заврши со нерешен резултат 28:28.

Веспрем не би требало да има проблем на домашен терен против Брест Мешков, екипа која убедливо ја порази и во Белорусија. Веспрем е голем фаворит за бодовите, па не веруваме дека би направиле „кикс“ пред своите навивачи. За Брест Мешков секој меч е како последен во борбата за 6.место на табелата кое е се подалеку и понереално.

Фаворит за освојување на нови бодови е тимот на Монпелје, кој ќе се обиде по втор пат да го совлада тимот на Мотор Запорожје, откако истото го стори во минатото коло, на теренот во Запорожје. Екипата од Украина е закована на последното место на табелата, со само еден освоен бод, па триумф од овој меч би им ја подигнал самодовербата во продолжение од сезоната.

Термини на одигрување натпревари во 8.коло на групата Б:

Киелце – Вардар  18:00  ( сабота)

Веспрем – Брест Мешков  17:30  ( сабота)

Монпелје – Мотор Запорожје  19:00 ( недела)