Момците на Зоран Петковски-Зенга, пионерите на РК Вардар во младинската лига денес беа гости на тимот на КЛ7 Лазаров. Младите вардарци на гостувањето во салата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје беа поразени со резултат 34-24.
Првиот дел започна со водство на повозрасниот тим со резултат 2-0. Тие поведоа на стартот и во текот на цел меч не ја пропуштија предноста. Ние се обидувавме да се бориме, но ривалот беше поискусен. Од минута во тие ја зголемуваа предноста и на пауза заминаа со 13 гола предност. После резултат 3:2, домашниот тим влезе во серија и поведе со четири голови разлика (6:2). Вардарци не успеаа да се вратат во мечот, имаа негатива од 11:4, а на седум минути пред крајот имавме и двоцифрена негатива од 18:8. На полувреме резултатот беше 24:11 во корист на екипата на КЛ7.
Второто полувреме го започнавме подобро од ривалот, намаливме дури пет гола од негативата, дојдовме при резултат 28-20. Сепак немавме сили за повеќе, на крајот бевме поразени со резултат 34-24. Вораста си го направи своето, домашниот тим и пред мечот беше фаворит за освојување на бодовите.
Најдобар стрелец беше Матеј Трајановски со пет гола, Никола Анакиевски и Александро Писонеро имаа по четири погодоци. Христијан Петковски беше стрелец на три гола, по два имаа Ѓорѓи Спасовски, Виктор Трифуновски и Мартин Сипковски.