Лидерот во ПМФЛ, екипата на Вардар, се соочува со проблеми. Тренерот на „црвено – црните”, Александар Васоски беше искулучен на дуелот во Струга минатото коло и поради тоа доби два натпревари суспензија.
Тоа значи дека Васоски нема да може да седи на клупата на лидерот на следните два натпревари против Шкупи на домашен терен и против Силекс во Кратово.
На негово место улогата прв тренер ќе ја извршуваат „двоецот” Танески – Бојовиќ, кој оваа сезона му се помошници на популарниот Тетовче.