Генерацијата 2006 на ФК Вардар успеа да се пласира во 1/2 финалето од Купот на Македонија, откако денес го одиграа реванш мечот од 1/4 финалето против екипата на Постолов Пандев. Црвено-црните гостуваа во Штип и одиграа со нерешен резултат 1:1.
Првиот натпревар одигран во Скопје, го доби Вардар со резултат 2:0 и со вкупни 3:1 се пласира во следната рунда од ова натпреварување. Избраниците на Филип Спасески и на реваншот беа подобрата екипа на теренот, имаа голем посед на топка и неколку одлични шанси, додека домашниот тим на Постолов Пандев погоди од својата единствена прилика. Пред крајот на првото полувреме, односно во 38 минута, црвено-црните поведоа со голот на Алтин Алији, додека Постолов Пандев израмни со гол во 60 минута од мечот.
Вардар: Данстак, Николов, Порчу (c), Јанкоски, Спасовски, Миовски, Нурединовски, Цониќ, Николовски, Ајетовиќ, Алији.
Во игра влегоа уште и Величковски, Настевски, Ордевски, Динов, Трифуновски, Танчев и Краљевски.