Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски: Мислам дека ФФМ и луѓето кои го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака
Гачевски: Мислам дека ФФМ и луѓето кои го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака

Гачевски: Мислам дека ФФМ и луѓето кои го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака

ФК Вардар загуби попладнево во Тетово и е елиминиран во 1/8 финалето од Купот на Македонија. Иако Вардар е елиминиран, сепак, повторно немили сцени и инциденти го одбележаа ова дерби. Момчињата кои се задолжени да ги враќаат топките, наместо да го прават тоа, очигледно денеска беа поставени да провоцираат и да местат голем инцидент.

По дуелот и големиот инцидент, Гачевски на својот Фејсбук профил напиша:

„Ова што се случуваше на денешниот меч во Тетово е голем срам за македонскиот фудбал. Мислам дека ФФМ и луѓето кои го водат фудбалот треба да се запрашаат и да одлучат до кога вака. Глава горе момци, секоја чест” , напиша капитенот на ФК Вардар.

Дали после овој голем скандал, ФФМ ќе го премолчи и ова, останува да видиме.