Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар генер.2006 како лидер во групата обезбеди 1/4-финале на “Г.Баба Куп-2018“
ФК Вардар генер.2006 како лидер во групата обезбеди 1/4-финале на “Г.Баба Куп-2018“

ФК Вардар генер.2006 како лидер во групата обезбеди 1/4-финале на “Г.Баба Куп-2018“

Денес, ФК Вардар генерација родени 2006 години предводени од Филип Спасески го одиграа 3.коло во групната фаза од “Гази Баба Куп-2018“. Во дуел во кој немаше никакво резултатско значење поради двете победи од вчера одигравме реми 1-1 (0-0) со тимот на Скупи со што како првопласирана екипа обезбедивме 1/4-финале.

Состав за овој дуел беше следен: Родолфо, Илески, Ордевски, Настевски, Патаровски, Миовски, Цониќ, Крстевски, Михајловски, Митев и Танчев. Ова беше натпревар кој ништо не решаваше па затоа тренерот им даде шанса на децата што помалку играа на минатите натпревари. Првиот дел заврши без да се затресат мрежите на двата скопски тима.  Стрелец на голот за Вардар беше Марко Николовски со прекрасен волеј удар кој успеаа да го отвори резултатот на овој дуел. Со неговиот погодок поведовме со 1-0, резултат кој беше на сила се до последната минута. Скупи успеаа да изедначи на 1-1 во последниот напад.

 Наш противник во четвртфиналето на “Г.Баба Куп-2018“ е тимот од Скопје, екипата на ФК Работнички. Овој дуел за закажан за попладне со почеток во 16 часот и 30 минути.