Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар влегува во ритам, Радуловиќ: Имаме млада екипа, која ќе игра брза и агресивна кошарка
Вардар влегува во ритам, Радуловиќ: Имаме млада екипа, која ќе игра брза и агресивна кошарка

Вардар влегува во ритам, Радуловиќ: Имаме млада екипа, која ќе игра брза и агресивна кошарка

Како што најавија дека од 15. август ќе започнат со тренинзи, така и остварија. Сениорите веќе половина месец активно се подготвуваат за стартот на сезоната. Со полна пареа во салата Кале, “црвено-црните” под раководство на тренерот Радуловиќ влегуваат во ритам, – информираат oд официјалната страна на клубот.

“Започнавме на 15 август со подготовки, а голем дел од играчите дојдоа со одлична базична подготвеност. Работиме на подигнување на физичките капацитети и полека влегуваме во колективна техничко-тактичка подготовка. Имаме млада екипа, која ќе игра брза и агресивна кошарка,  сетоа ова помогнато од тројца странски играчи. Сепак примарната цел ни е опстанок во лигата, а секој резултат плус за нас ќе биде повеќе од одличен.”, изјави тренерот Радуловиќ.