Вардаровата генерација 2008 го освои 4.место на меѓународниот младински турнир „Пирин Куп“ кој се игра во Сандански.
Избраниците на Влатко Колев, во борбата за бронзениот медал беа поразени од екипата на Дачија од Молдавија, дури после удари од белата точка (4:5), откако натпреварот во регуларниот дел заврши без победник (2:2).
Претходно во полуфиналето, вардарци, доживеаа пораз од тимот на Септемри од Софија со резултат 0:3.
Во групната фаза, нашиот состав, забележа три победи на исто толку одиграни натпревари. Честитки до екипата за остварениот пласман, ова е само позитивно искуство за младите играчи.