Девојките на Александар Царчев, денес ќе го имаат вториот контролен дуел во 2023, на првиот гостуваа во Солун и ја совладаа екипата на Панорама.
ЖРК Вардар попладнево во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода ќе ја пречека екипата на Куманово, натпреварот е закажан со почеток во 17-00 часот.