ФК Вардар генерација 2008 со денешната победа во 3.коло од групата обезбеди полуфинале. Момците на Миле Крстев на “Пирин купот“ во Бугарија со седум освоени бода по групната фаза обезбедија дуел за медали. Ние остваривме победа во дуелот против екипата на ФК Септември со резултат 5-1.
Натпреварот го добивме уште во првиот дел кога доминиравме на теренот и ги постигнавме сите погодоци во мрежата на ФК Септември. На одмор се замина со високи 5-0 за нас, во вториот дел ротиравме со поставата. На крајот дуелот заврши со резултат 5-1 за црвено-црните. Сите погодоци беа дело на различни играчи, по еден гол постигнаа Арти Азизи, Огнен Бојковски, Стефан Бранковски, Ненад Дамјановски и Иван Тасовски.
Полуфиналето е закажано за утре со почеток во 16-30 часот, и во истото ќе играме против ФК Еврофудбал од Охрид.