Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мицевски: Ќе мораме да го дадеме максимумот, затоа што сигурно ќе играме против една мотивирана екипа
Мицевски: Ќе мораме да го дадеме максимумот, затоа што сигурно ќе играме против една мотивирана екипа

Мицевски: Ќе мораме да го дадеме максимумот, затоа што сигурно ќе играме против една мотивирана екипа

Дарко Мицевски смета дека неговиот тим може да биде задоволен од досегашните бодови. Играчот од средината на теренот изјави дека и на дуелот во Струмица треба да влезат максимално мотивирани без потценување, како би дошле до нови бодови.

„Во три натпревари, вклучувајќи го тука и оној меч од Купот на Македонија, имаме три победи без примен гол, и посакуваме оваа серија да продолжи и после утрешниот натпревар со Беласица. Тоа што играме против последнопласираниот тим кој што и натаму е без бодови, нема да не залаже. Ќе мораме да го дадеме максимумот, затоа што сигурно ќе играме против една мотивирана екипа која што ќе сака да докаже против нас. Ќе мора секој фудбалер на Вардар да даде се од себе на секој натпревар, без разлика дали играме со првиот или последниот тим“, рече Дарко Мицевски.

„Можеме да бидеме задоволни од првите три кола, иако има работи кои треба да ги поправиме, и максимално работиме на тренинзите да бидеме подобри. Освоивме седум бодови од можни девет, и мораме да бидеме задоволни. Меѓутоа исто така овие натпревари покажаа дека секој тим е незгоден и секој може да победи секого во првенството. Така на пример на послендиот меч со Македонија Ѓорче Петров кој го добивме, наидовме на еден мотивиран противник кој што покажа квалитет. Затоа и во иднина на секој натпревар ќе мораме да играме максимално и без потценување да освојуваме бодови“, изјави фудбалерот за врска на Вардар.