Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски доби дополнителен повик од селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски.
Тошевски влегува во ростерот на повикани играчи бидејќи Аријан Адеми доби повреда на задниот бутен мускул и нема да настапи на престојните два дуели.
Ова е трет повикан играч од Вардар, по Барсегјан за Ерменија и младиот Тодоровски.
На 6 септември, Македонија ќе му гостува на Гибралтар, а три дена подоцна ќе го одигра дебито на домашен терен, против ерменската селекција.