Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2009 претстојниве два дена ќе се натпреварува на турнир во Панаѓуриште-Бугарија
ФК Вардар генер. 2009 претстојниве два дена ќе се натпреварува на турнир во Панаѓуриште-Бугарија

ФК Вардар генер. 2009 претстојниве два дена ќе се натпреварува на турнир во Панаѓуриште-Бугарија

Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар се наоѓа во Бугарија, каде претстојниве два дена ќе се натпреварува на второто издание на меѓународниот младински турнир во Панаѓуриште, именуван по проф. Д-р Лачезар Цоторков.

Нашите млади надежи пристигнаа во текот на вчерашниот ден, кога беше и извршена ждрепката за групите. Вардар се наоѓа во групата А во која се уште и екипите на  Обориште од Панаѓуриште, која е домаќин на турнирот, потоа Филипов Казанак  и тимот на Витоша Бистрица од Бугарија.  Во другата група се наоѓаат екипите на Левски Раковски, Минор Перник, Посејдон од Солун и Беломорец од Асеновград.

Натпреварите ќе започнат од денес а ќе се играат во  „Арена Асарел“ во Панаѓуриште.