Попладнево тимот на ФК Вардар генерација 2010 во малото финале на Гази Баба Куп-2019 кое се играше на терените на ФФМ дојде до победа. Момците на Колев Влатко одиграа одличен дуел со многу шанси кои ги создадоа, победата над Спортефе дојде со резултат 3-0.
Ова мало финале го почнавме офанзивно, Ристиќ Стефан на самиот старт двапати влезе во шанса. Во првата не успеа, а во втората стрелаше за почетни 1-0. Потоа Далибор Марковиќ имаше своја шанса. На нашиот гол одлична интервенција имаше Марко Јовановски, тој скроти еден незгоден удар. Две прилики по ред имаше Седлоски кои не завршија во голот, потоа од дистанца прекрасен удар упати Филип Наумовски. Голманот на ФК Спортефе беше немоќен, ние поведовме со 2-0. До крајот на првиот дел имавме уште серија прилики, две шанси имаше Симев Македон кој шутна одлично. Уште се заканивме и преку Ристиќ, Огнен Сивевски и Ристиќ. Целосно доминиравме на оваа средба.
Вториот дел започна со инцијатива на црвено-црните, прв два удари имаше Седлоски Благојче чиви шутеви голманот на ривалот ги скроти. По една мешаница одлично шутна над голот Лука Пацевски. Повторно доминиравме, се редеа прилики пред голот на ривалот, Илиќ имаше неуспешен обид иако се фудбалски направи. Пацевски Лука ја имаше топката на 20.метри одкосо, со лукав и силен удар младиот вардарец постигна евро-гол за 3-0. И по голот имавме инцијатива, Гечев Драган шутна над голот тоа беше последна прилика за одбележување во ова мало финале. Победата донесе голема радост за црвено-црните момци.