Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Големи три бода на Вардар во Тетово, Гачевски јунак!
Големи три бода на Вардар во Тетово, Гачевски јунак!

Големи три бода на Вардар во Тетово, Гачевски јунак!

Вардар се радува на втората победа во ПМФЛ. Попладнево на тешкото гостување во Тетово кај Ренова, Вардар победи со голот на Џемал Ибиши во вториот дел кој донесе големи три бода пред паузата која претстои во нашиот шампионат.

Очекувано, првиот дел мина со тврда игра на двете страни, со по една до две шанси за гол. Во првиот дел одбраната на Вардар делуваше добро, а нападот воглавно одеше преку одличниот Жуниор, кој беше повторно расположен за надигрување. Токму бразилецот ја имаше најголемата шанса во првиот дел да го отвори резултатот. Убаво исфрли еден противнички играч, биеше по земја, голманот на домаќините ја допре топката доволно за да не заврши во голот, односно само во стативата. Домаќините во првиот дел имаа две шанси, кои не беа доволни за поголеми возбудувања.

Во вториот дел Вардар тргна по гол. Шансите пред голот на Ренова се редеа. Жуниор, Брдаровски и Мицевски пропуштија добри шанси за гол. Се играше 63. минута, а Васоски во игра ги внесе Ибиши и Цветановски на местата на Адем и Колевски. Само две минути потоа, Џемал Ибиши постигна супер погодок за големо водство на Вардар. Одлично се загради пред одбрамбените играчи на Ренова, биеше во стилот на супер напаѓач и погоди за 0:1. Кон крајот на натпреварот, Гачевски спаси сигурен гол на Ренова и израмнување. Со чудесна одбрана, во 92. минута спаси два бода, односно обезбеди три за својот тим.

Следува пауза во шампионатот на Македонија поради репрезентативните настапи.