Во големото финале на Гази Баба Купот-2019 по пенали ФК Вардар генерација 2007 година дојде до шампионскиот пехар. По регуларниот дел момците на популарниот „Чунга“ одиграа реми 1-1 со тимот на ФК Талент , следеше „пенал рулет“ во кој се истакна голманот Исајловски кој три пати не беше совладан во петте серии.
Првиот дел мина во теренско надмудрување, се трудевме доста да погодиме, но не создадовме шанса бидејќи ривалот играше „бункер“. Младеновски, Киш и Грашески се трудеа да го разбијат истиот. Имаше само две прилики за одбележување, Мичо Поповски шутна крај голот за нас. Ривалот се обиде со една длабочинска топка да не изненади, Даниел Исајловски правовремено ја собра топката од ногата на противникот. Доста се трудевме, но немаше успех, нашето водство висеше во „воздухот“.
Само што почна вториот дел, за само 30.секунди успеавме да го скршиме дефанзивниот поредок на противникот. Капитенот Грашески Александар шутна силно, нивниот голман кратко одби Стефан Младеновски беше присебен и погоди од непосредна близина за 1-1. Стрелецот на голот веднаш потоа имаше прилика за нов погодок. Големи шанси имавме преку Борјан Томовски и Грашески кои не ги погодивме, стигна казна битолскиот тим изедначи со гол за 1-1. Имавме офанзива, голема шанса имаше Радевски Злате кој шутна од над 20.метра голманот одвај исфрли во корна. Мечот заврши реми 1-1, се премина на шутирање на пенали.
Пенал рулетот го одреди победникот на оваа, средба. По погодоците на Младеновски, Атанасов и Томовски влеговме во последната серија со предност 3-3. Ние не погодовиме, се беше во рацете на Даниел Исајловски, тој во претходните четири серии два пати остана несовладан. Во клучната последна, одлично процени се одрази, одбрани и стана херој на тимот. Со 3-2 дојдовме до злато, а нашиот голман играчите го фрлаа во воздух.