Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Трофејот од „Гази Баба Куп“ во рацете на вардарци од генер. 2006, во финалето совладан Тиквеш
Трофејот од „Гази Баба Куп“ во рацете на вардарци од генер. 2006, во финалето совладан Тиквеш

Трофејот од „Гази Баба Куп“ во рацете на вардарци од генер. 2006, во финалето совладан Тиквеш

Вардаровата генерација 2006 го освои турнирот Гази Баба Куп, кој изминативе три дена се играше во Скопје. Во големото финале, Вардар беше подобар од екипата на Тиквеш со резултат 2:1.

Тренерот Спасески стартуваше со следниве 11-сетмина: Данстак, Илески, Спасовски, Николов, Ајетовиќ, Нуредини, Величковски, Трифуновски, Николовски (c), Динов, Алији.

Првите два директни удари во рамките на голот ги имаше Вардар и тоа преку Нуман Ајетовиќ, кој се обиде од голема далечина да го изненади противничкиот голман, кој сепак беше присебен и ја прибра топката во своте раце. Се закани  и екипата на Тиквеш, но одбрани Данстак. Избраниците на Спасески се обидуваа да го отворат резултатот, обид имаше Величковски кој биеше над голот. После голема грешка на стоперот на Тиквеш, Вардар успева да дојде до водство од 1:0, топка одзема Алтин Алији, кој излезе сам на сам со голманот, нашиот напаѓач успешно стрелаше.

3

Во следниот период противникот од Кавадарци успева да врати и да ја погоди од нашата мрежа. Ефектен гол од слободен удар на Тиквеш, што значеше израмнување на 1:1. До крајот на првиот дел се обиде Ајетовиќ, но без поголема опасност по противничкиот гол.

После пет минути игра во вториот дел, вардарци го враќаат водството, овој пат за 2:1 и повторно гол на Алији. При постигнување на голот, прво биеше Динов, голманот одбрани, но на одбиена натрча Алији, кој ја погоди мрежата за нова предност. Опасна прилика за израмнување имаше Тиквеш од слободен удар, но Данстак со врвот на прстите ја допре топката доволно да заврши во пречката од нашиот гол. Алији имаше можност за хет-трик, но ја погоди само стативата од противничкиот гол. Немаше промени на реззултатот до крајот, Вардар слави триумф во ова финале со резултат 2:1.

2

На целокупниот турнир одигравме пет натпревари и сите ги добивме во своја корист. Стартот на сезоната во регионалната-скопска лига е закажан за 14.септември.