Дамите на кошаркарски клуб „Вардар“ имаа сезона за паметење, тие успеаа да го одбранат Купот на Македонија кој го освоивме по 3.пат и дојдовме до победа во лигата. Потоа конечно по поголем период да го „детронизираме“ Бадел и да ги обединиме титулите. Жаклина Стојановска одлично го водеше тимот, таа сосема очекувано ќе продолжи да биде „кормилар“.
Поради репрезентативни обврски на поголем број од кошаркарките, денес 2-ри септември ќе започнат со активности вардарки, тие попладнево ќе ги „запалат моторите. Тренинзите ќе се одвиваат во нашата сала при СРЦ “Кале“ во Скопје со почетк во 17-30 часот.