Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (Фотогалерија) Два златни и еден бронзен медал за вардаровите генерации на турнирот „Гази Баба Куп“
(Фотогалерија) Два златни и еден бронзен медал за вардаровите генерации на турнирот „Гази Баба Куп“

(Фотогалерија) Два златни и еден бронзен медал за вардаровите генерации на турнирот „Гази Баба Куп“

Изминативе три дена, четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар беа дел од меѓународниот младински турнир „Гази Баба Куп 2019“. Две од нив успеаа да се закитат со златниот медал, додека една освои бронза.

Генерацијата 2007 го освои првото место, откако во големото финале ја победија екипата на Талент, дури после изведување на удари од белата точка. До првото место стигна и генерацијата 2006 која во финалниот дуел го победи Тиквеш, додека генерацијата 2010 стигна до бронзениот медал, откако во малото финале беше подобра од Спорт Ефе. Генерацијата 2009 исто така беше дел од турнирот и беше елиминирана во 1/4 финалето.

На завршната церемонија се доделуваа медали и трофеи за најдобрите екипи. Истите ги доделуваше градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Ѓоргиевски.

Погледнете ја завршната церемонија од доделување на медалите и трофеиите за вардаровите екипи.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21