Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар во четврток ќе го „тестира“ Европскиот првак во Скопје
Куглање: Вардар во четврток ќе го „тестира“ Европскиот првак во Скопје

Куглање: Вардар во четврток ќе го „тестира“ Европскиот првак во Скопје

Кугларскиот клуб Вардар  на големо се  подготвува за новата сезона каде ќе настапи во домашниот шампионат, Купот, и ќе ја преставува Македонија во кугларска Европа. Избраниците на Драги Димитровски го дефнираа  и првиот тест-дуел и тоа ни помалку ни повеќе против европски гигант во овој спорт. Тимот на Мертојак од Хрватска ќе биде наш ривал на оваа контролна средба.

Мечот ќе се одигра на  оваа недела, поточно во четврток на   5.септември  во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Нашиот ривал имаше одлична сезона, тој стана шампионот во хрватскиот Куп, потоа ја освои титулата, шампион во Европскиот Куп, каде совлада сериозни екипи од овој спорт. Во домашната лига беше вице-првак, оваа сезона имаат за цел да ги одбранат двете титули и да ја нападнат националната.

На оваа средба која ќе се игра со почеток во 19-00 часот, двата тима ќе тестираат со по осум играчи, со цел подобра подготовка на двата тима.

Ние го задржавме целиот ростер од изминатата сезона, на тоа донесовме и две сериозни засилувања. Станува збор за Зоран Ристиќ кој дојде од  18 Август 2016 и  Милош Миливојевиќ кој премина кај нас од тимот на Медвешчак Загреб.