Денес на терените на ФФМ, ново коло во детската лига одигра генерацијата 2011 на ФК Вардар. Активни беа двете екипи на оваа генерација кои доживеаа порази.
Вардар (1) го загуби дуелот против екипата на Карев со резултат 0:2. Двата голови беа постигнати во вториот дел, откако на полувреме резултатот беше 0:0.
Вардар (2) за противник го имаше тимот на Аеродром, кој не совлада со резултат 5:2. Головите за Вардар беа дело на Максим Нахов и Кристијан Марковиќ.