Откако изминатиов период низ медиумите се изнесоа информации за неисплатени долгови во редовите на Европскиот Шампион, првиот човек на Вардар и сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко во изјава за Фокус кажа дека сите ракометари ќе бидат исплатени до крајот на 2020 година.
„Ја преземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе“, изјави Самсоненко.
Се уште не е позната каква ќе биде иднината на клубот за новата натпреварувачка сезона, а во тековната пред црвено-црните претстојат елиминациските дуели во СЕХА и Лигата на Шампионите, каде противници се екипите на Нексе, односно Пик Сегед.