Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во последното есенско коло, момците на Јанев ФК Вардар генер.2006 дојде до две победи
Во последното есенско коло, момците на Јанев ФК Вардар генер.2006 дојде до две победи

Во последното есенско коло, момците на Јанев ФК Вардар генер.2006 дојде до две победи

На терените на Фудалската федерација на земјава денес се одигра последното коло од есенскиот дел во детската лига. Во рамки на ова коло Вардар   генерација“2006“ година предводена од Сашо Јанев одигра два дуела и истите ги доби со висока разлика, нашите момци постигнаа 20 гола на овие дуели, а непримија ниту еден.

q3

y

ФК Вардар (1) генер.2006  се сретне со екипата на Карпошово во овој дуел црвено-црните момци триуфираа со високи 11-0 (4-0). Тргнавме офанзивно од почетокот, прва прилика имаше Михајловски Олег чии удар голманот на ривалот го исфрли во корна.  Истиот играч имаше прилика и потоа, неговиот удар заврши крај голот. Танчев Михаел се обиде, но и неговиот обид не донесе радост. Олег прими една одлична топка, шутна силно по земја и го отвори резултатот погодувајќи за 1-0. Потоа Танчев по асистенција на Михајловски успеа да го удвои резултатот и зголеми на 2-0. Ние доминиравме на теренот во секој аспект, по три корни, добивме пенал истиот го изведен Михаел Митревски, тој шутна силно горе десно постигнувајќи го својот деби гол оваа есен, тој погоди за 3-0. Истиот играч потоа повторно се обиде, но овој пат голманот на противникот беше поуспешен. Олег до крајот на првиот дел имаше уште две прилики кој не ги реализираше. Миксим Цониќ со удар од дистанца пред крајот на првиот дел зголеми на 4-0, резултат со кој се замина на одмор.

q2 q4

Вториот дел го почнавме со две нови прилики за Миксим Цониќ , во едната голманот беше поуспешен во втората тој погоди крај голот. Михаел Танчев зголеми на 5-0 во продолжение, а Хасиќ Мирзна на 6-0. Прилики потоа за нов гол имаа Миовски Александар и Михаел Митревски.  Противникот имаше две прилики потоа, нашиот голман Дамјан Дамевски беше подобар од противничките напаѓачи. Михајловски Олег  имаше голема прилика за нас во продолжение, потоа истиот играч собра една одбиена топка по ударот на Марко Митевски и погоди за 7-0. Ние напаѓавме постојано, во следната акција Олег кој денес беше голјетерски расположен погоди и за 8-0. На сцена стапи Ангел Наставски кој до крајот во мрежата на Карпошово “испорча“ три гола.  Со неговите три погодоци ние зголемивме на 11-0. Со тој резултат се оконча овој дуел.

y2

q5

Во вториот меч  Вардар (2) за противник го имаше тимот на Фамос во овој дуел нашиот тим победи со 9-0 (5-0). На овој натпревар поведовме уште во 1.минута преку Марко Николовски кој доби асистенција од Стефан Колевски и реализираше за 1-0. Потоа Кристијан Галевски упати удар крај голот, а Давид Голубов погоди во противничкиот голман.  Марко Николовски и Давид Голубов во продолжение имаа неколку убави прилики после кој за жал не го удвоивме водството. Добивме пенал по три корни, изведувач беше Голубов тој силно биеше во десниот агол за наша предност од 2-0. По голот Стефан Колевски шутна над голот, а обид имаше и Даме крстевски. Потоа за кратко успеавме да удвоиме нашето водство на овој дуел, Марко Николовски погоди за 3-0,  а Олег Трифновски стрелаше умешно за преност од 4-0 за црвено-црниот тим. Противникот се закани сепак на нашиот гол Данстак Андреј беше на висина на задачата и не дозволи да биде “начната“ неговата мрежа. Доминиравме и постојано напаѓавме на овој дуел, ние добивме слободен удар, истиот го изведе Дарко Сековски биеше силно и погоди за “петарда“, 5-0. До крајот остана малку време, за одбележување беше една шанса во финишот која ја имаше Голубов Давид.

q6

Вториот дел почна со три одлични шанси на црвено-црниот состав кои не го претворивме во нов, шести погодок. Па така ударот на Марко Николовски заврши крај голот, обидот на Голубов го одбрани голманот на ФК Фаст, а од слободен удар Сековски Дарко шутираше над гредата на нашиот противник. Марко Николовски потоа се обиде два пати, во првата прилика погоди за 6-0, а во втората шутна крај голот. Давид Голубов беше стрелец на погодокот за 7-0 во продолжение. Следеа повторно серија прилики без реализиација за момците на Јанев Сашо, најпрвин Олег со “бомба“ удар го седна голманот на противникот, потоа Галевски Кристијан шутна од дистанца крај голот. Ударите ги пробаа Голубов и Никита Патаровски, но безуспешно. Добивме пенал по три корни, нашиот голман Данстак Андреј ја зема топката да го изведе казнетитот удар. Истиот пеналот го претвори во гол за водство до 8-0. Михаел Николовски имаше обид во финишот со удар од дистанца, неговиот одличен удар заврши за малку крај гол-конструкцијата. Мечот го затворивме со “евро-гол“ на Галевски Кристијан, тој шутна до 15-20 метра и погоди атрактивно.