Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Градското дерби помеѓу Вардар и Работнички, кај генерација “2002“ и “2003“ ќе се одигра во недела на Академија

Градското дерби помеѓу Вардар и Работнички, кај генерација “2002“ и “2003“ ќе се одигра во недела на Академија

Во недела на теренот на Академијата ќе се одигра второто пролетно коло во регионалната скопска лига. Настапи ќе имаат Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година кои ќе одиграат натпревар против врсниците од Работнички.

Посебен мотив за победа ќе имаат избраниците на Петар Ѓорѓиевски, генерацијата родени “2002“ година. Првиот натпревар помеѓу овие две екипи одигран во есенскиот дел со службен резултат го доби екипата на Работнички, откако нашиот состав го напушти теренот поради судиските одлуки кои беа на штета на Вардарци. Подоцна ФФМ реши овој меч со службена победа да му припадне на Работнички. Тоа беа единствените бодови кои Вардар ги загуби до пред одигрување на ова коло. Нашиот противник е на првото место на тбелата со максимални 33 освоени бодови, додека втор е Вардар со 30 бодови. Натпреварот ќе започне во 12 часот.

Истиве екипи ќе одиграат натпревар, но кај генерација родени “2003“ година. Ова ќе биде нивни четврти меѓусебен дуел во оваа натпреварувачка сезона, Сите три претходно ги добија избраниците на Томче Трајановски. Најпрво во рамките на третотото есенско коло, Вардар на гостински терен го победи Работнички со убедливи 1:6. Следните два натпревари беа во рамките на 1/4 од купот, каде две победи забележаа нашите млади надежи. Првиот меч се играше на теренот на Алумина, кој го добивме со резултат 1:2, за пласманот во полуфиналето на купот да го потврдиме со уште една победа на домашен терен (2:0). Во оваа категорија, Вардар е убедливо на првото место на табелата со максимални 36 освоени бодови, додека Работнички е четвртопласиран со 21 бод. Мечот на овие две екипи е закажан за недела од 10 часот.