Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите на ФК Вардар родени “2007“ и “2008“ година дел од силен меѓународен турнир во Загреб
Генерациите на ФК Вардар родени “2007“ и “2008“ година дел од силен меѓународен турнир во Загреб

Генерациите на ФК Вардар родени “2007“ и “2008“ година дел од силен меѓународен турнир во Загреб

Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар, родени “2007“ и “2008“ година на 26 и 27-ми мај ќе бидат дел од 17-сетото издание на меморијалниот меѓународниот турнир, “Ивица Петроци-НК Трње 2018 кој ќе се одигра во градот Загреб. На турнирот учество ќе земат 64 екипи од 8 различни држави, а организаторот на турнирот како најзвучни имиња покрај Вардар ги најави уште и Венециа ( Италија), Олимпија Љубљана (Словенија), Цибалија, Вараждин, Бубамара, НК Загреб ( Хрватска), Електрон Подгорица ( Црна Гора), Радник (Србија) и уште многу други реномирани познати екипи од Балканот.

Во двете возрасни генерации ќе се натпреваруваат по вкупно 32 екипи, кои ќе бидат поделени во 8 групи, составени од по 4 екипи. Веќе се познати групите, како и противниците за нашите млади надежи на овој силен меѓународен турнир. Ќе се игра 8+1 на теренот, а еден натпревар ќе трае по 25 минути. Генерацијата “2007“ на ФК Вардар е предводена од Томче Трајановски, додека генерацијата “2008“ ја предводи Павел Неделковски. На следнава фотографија можете да ги погледнете сите екипи учесници на турнирот, како и противниците за нашите две екипи.

32892124_10155874912588052_5284577973461057536_n