Во тимот на Вардар веќе се извесни нови заминувања. По “триото” Велковски, Хамбарџумјан и Стојчевски, Вардар се откажува од уште двајца стандардни првотимци кои беа столбови во вардаровата одбрана изминативе неколку години.
Капитенот Бобан Грнчаров сигурно и најверојатно Украинецот, Евгениј Новак повеќе нема да бидат дел од Вардар. И на двајцата им завршуваат договорите, а Вардар нема намера да им ги продолжи. По ова, значи дека Вардар останува засега без комплетната одбрана. Грнчаров и Велковски заминуваат, а на нив претходно им се придружи и десниот бек Хамбарџумјан.
Засега нема најави за нови имиња, освен Коста Манев кој треба да биде нов играч на “црвено – црните”.