Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пет играчи од Вардар и тренерот Гонзалез, можат да се пофалат со четири последователни првенствени и пет куп трофеи
Пет играчи од Вардар и тренерот Гонзалез, можат да се пофалат со четири последователни првенствени и пет куп трофеи

Пет играчи од Вардар и тренерот Гонзалез, можат да се пофалат со четири последователни првенствени и пет куп трофеи

Вардарци и оваа сезона успеаа да ја одбранат двојната круна во домашните натпреварувања. Пет играчи од актуелниот состав на Вардар и тренерот Раул Гонзалез можат да се пофалат со податокот дека четири пати по ред го освојувале трофејот во првенството и петти последователен во купот на Македонија. Тоа се само Стојанче Стоилов и Илија Абутовиќ кои се со најдолг стаж во Вардар, дури од 2011 година, потоа Карачиќ и Милиќ кои од 2012 година се дел од црвено-црните, а една година подоцна пристигна и Тимур Дибиров. Гонзалес дојде на кормилото на Вардар, на почетокот на 2014 година. Сите споменати успеаа за овие години да освојат пет куп титули и четири првенствени.

Во супер лигата  шампиони бевме во сезоните 20014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и во тековната 2017/18, додека националниот куп го освојувавме во 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година. Дефинитивно Гонзалез и Абутовиќ ќе си заминат од Скопје со убави спомени и голем број на трофеи, а нивната колекција моментално е побогата за највредната титула, тоа е од Лигата на Шампионите. Абутовиќ, Милиќ, Стоилов и Карачиќ имаат уште и четири освоени трофеи во СЕХА-лигата, додека Гонзалез и Дибиров со три трофеи во ова натпреварување. Претстојниов викенд ќе имаме можност да ја збогатиме колекцијата, доколу успееме да ја одбраниме Европската титула во Келн.