Во полуфиналето од овогодинешниот Фајнл-Фор загубивме од КК Работнички, а на натпреварот за трето место бевме подобри од Карпош Соколи со 85:73. Не успеавме да ја одбраниме шампионската титула од изминатата година, меѓутоа оваа екипа го обезбеди своето место меѓу елитата за следната сезона.
На натпреварот за третото место кај КК Вардар, најпрецизен беше Петар Прентовиќ со 17 поени, и пет скока, следеа Филип Ѓоревски со 16, Валмир Какруки со 12 и Елвис Хот со 11 поени и пет асистенции. Кај поразениот тим се истакна Ненад Радуловиќ со 17 поени.