По големата трагедија заради невремето во нашиот главен град Скопје се вклучија во хумана акција многу поединци, фирми и спорски колективи. Комити организираа пункт за помош и работеа на терен, трите клуба двата ракометни и фудбалскиот повикаа да се донира на телефонскиот број за донации. Во оваа општа акција се уклучи и една од младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар генерација 2005.
Момчињата од генерација 2005 заедно со својот нов кормилар Игор Кралевски, во текот на вчерашниот ден имаше донации. Тие донираа во Стајковци и Смилковци едни од двете најпогодени места во оваа природна катастрофа. Тие заедно со својот фудбалски ментор донираа неопходни производи: вода, пелени, конзерви со храна и останати потребни и неопходни производи по оваа незапамтена катастрофа во нашата метропола. Младите фудбалери освен како спортисти со ова покажаа дека и ако се дечиња се општествено одговорни членови на ова наше општество, големо браво за нив и нивниот кормилар кој освен што создава фудбалски надежи истите ги прави сестрани личности.