Вчера во рамки на 3.коло во “Скопје купот“ пионерскиот состав на фудбалскиот клуб Вардар одиграа дуел со хрватската фудбалска школа Сесвете. Во меч во кој целосно доминиравме и ја имавме топката не успеавме да победиме, гостите играа дефанзивно одејќи на реми 0-0, сепак им се укажа шанса во последната минута и погодија за 0-1 . Мечот почна со минута молк на двете екипи по повод денот на жалост во нашата земја, во продолжение фотографии од овој дуел.