Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (Фотогалерија) Во летниот камп на ФК Вардар во Охрид се работи под полна пареа
(Фотогалерија) Во летниот камп на ФК Вардар во Охрид се работи под полна пареа

(Фотогалерија) Во летниот камп на ФК Вардар во Охрид се работи под полна пареа

000

Во Охрид веќе е започната со работа првата група од летниот камп „ФК Вардар“, од истата дел се  генерацијата 2003 предводена од тренерот Томче Трајановски и генерацијата 2004 година за која ќе биде задолжен фудбалскиот педагог, искусниот  Ане Андовски. Околу 75 деца се сместени во хотелот „Дипломат“, и имаат одлични услови за одржување на овој камп.

0 0a2

Според планот на кампот за  совладуваање на фудбалските вештини предвидени се два тренинзи  на ден. Покрај двата тренера на кампот се присутни и се дел од истиот и  координаторите на младинските категории на ФК Вардар Павел Неделковски и Саше Милошевски. Како и во младинската школа така и на кампот со оваа возраст кај  голманите довербата му е дадена на  Слободан Мутибариќ. Првата смена односно генерациите 2003 и 2004 година остануваат во Охрид во 12 август, а потоа следува летен камп и за генерациите 2005 и 2006 година кој ќе трае од 16 до 21 август исто така во Охрид за кое и натаму трае пријавувањето за учество. Во продолжение ви носиме галерија од кампот, од тренинзите.