Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите фудбалери родени “2001“ , стигнаа во најдобрите осум екипи на “Скопје куп“
Вардаровите фудбалери родени “2001“ , стигнаа во најдобрите осум екипи на “Скопје куп“

Вардаровите фудбалери родени “2001“ , стигнаа во најдобрите осум екипи на “Скопје куп“

Изминатиов период, нашиот главен град беше организатор на младински меѓународен турнир “Скопје куп 2015“. Се натпреваруваа екипи во две различни категории, а меѓу нив беа застапени и Вардаровите генерации. Вардаровите фудбалери родени “2001“ стигнаа во најдобрите осум екипи, откако во 1/4 беа елиминирани од врсниците на Сесвете.

Претходно во групната фаза овие момчиња забележаа две победи и еден пораз, кои беа доволни за пласман во следната 1/4 рунда. Тука беа подобри од екипите на Скендербег(6:1) и Талент Битола(2:0). Во последното трето коло, доживеаа висок пораз од екипата на Осијек (4:0). Токму екипата од Хрватска играше во големото финале на оваа генерација. Таму беа убедливо поразени од тимот на Партизан (0:4)

Уште една наша категорија настапи на овој силен меѓународен турнир. Кадетите на Фк Вардар го освоија на крај деветото место. Во плеј-оф успеаа да забележат три победи, од исто толку одиграни натпревари. Претходно во групната фаза, имаа два порази и еден нерешен резултат.