Вардарци ги комплетираа подготовките во Крањска Гора и синоќа стигнаа во Кањижа, каде во следниов период ќе учествуваат на традиционален меѓународен турнир. “Кањижа куп 2015“ ќе биде првата проверка на формата и подготвеноста на нашиот шампион.
Како увертира на мечевите од овој турнир, црвено-црните најпрво ќе одиграа пријателски меч против Нилуфер. Оваа екипа доаѓа од Турската лига, каде минатата сезона ја завршиле како второ пласирани веднаш зад тимот на Бешикташ. Клубот влегува со големи амбиции во претстојната сезона, засилувајќи се со неколку квалитетни ракометари кои доѓаат од домашното првенство. Од тука и поканата од организаторот на “Кањижа куп“ да бидат како гости на овој турнир. Мечот е закажан да се игра вечерва со почеток од 20 часот.
Веќе од петок следуваат и натпреварите, против Партизан и Гореше Велење. Во недела е ден за пласман и доделување на наградите за најдобрите екипи.