Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Седум “Вардарки“ ќе не претставуваат на ЕП за кадетки во Скопје
Седум “Вардарки“ ќе не претставуваат на ЕП за кадетки во Скопје

Седум “Вардарки“ ќе не претставуваат на ЕП за кадетки во Скопје

Денес започнува Европското кадетско првенство за девојки до 17 години. Скопје ќе биде домаќин на ова натпреварување, кое ќе се игра се до 23-ти август. На него ќе не претставуваат и седум ракометарки, кои доаѓаат од ракометниот клуб Вардар. Од 19 часот Македонија ќе игра против селекцијата на Шведска, во Јане Сандански.

Анастасија Николовска, Јована Мицевска, Моника Георгиевска, Александра Вељаноска и Ива Божиноска се ракометарките кои ја одбележаа сезоната во младинските категории на клубот. Ова се имињата кои имаа можност да настапуваат за кадетките и младинките на Вардар, но и уште што е позначајно сите дебитираа и за првата екипа, предводена од Кастратовиќ и Питлик. Беа стандардни во составот на кадетките, кои беа под водство на тренерот Благојче Весиќ. Во оваа екипа без конкуренција беа најефикасни ракометарки, речиси на секој натпревар. Добиваа шанса за настап и во поголем дел на младинската лига, каде беа дел од втората екипа чиј тренер е Симе Симовски.

Леонида Гичевска и Габриела Џини доаѓаат од втората екипа на Жрк Вардар, со кој ја освоија младинската лига. Голем успех направија во супер-лигата, освојувајќи го третото место. Сите овие имиња се очекува да бидат предводнички и главни играчи во Македонската репрезентација. Од нивната игра и учинок, во голема мера ќе зависат и резултатите на ова ЕП. Иако тука се и други ракометарки кои располагаат со големи квалитети. Голем хендикеп е отсуството поради повреда, на голманката Нина Ладева( Вардар) која беше дел од младинската репрезентација на ЕП во Валенсија.