Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2002“ е прва која успеа да се пласира во големото финале на купот
Вардаровата генерација “2002“ е прва која успеа да се пласира во големото финале на купот

Вардаровата генерација “2002“ е прва која успеа да се пласира во големото финале на купот

Вардаровата генерација родени “2002“ се пласираа во големото финале од купот на Македонија. Денес на теренот на академијата нашите млади надежи по втор пат ги победија врсниците од ФК Талент, овој пат со резултат 3:2. По првиот дуел одигран во Битола имавме предност од 3:0. Два гола на денешниот натпревар беа дело на Леонид Игнатов, додека еден постигна Виктор Крстевски.

18254334_10209268211924525_2035030797_n

Избраниците на Петар Ѓорѓиевски се враќаа од негатива, откако по првото полувреме гостите од Битола имаа водство од 0:2. Сепак во второто полувреме се соземавме и докажавме дека сме поквалитетна екипа. Пресвртот го најави Леонид Игнатов кој намали на 1:2. Во овој дел од мечот целосно доминиравме и создававме голем број на шанси. При овој резултат голема прилика имаше Марио Илиевски, кој го погоди дирекот од голот на Талент. Набргу стигна и израмнувачкиот гол на Виктор Крстевски за 2:2. Не се задоволивме со нерешен резултат, иако имавме предност од првиот меч и бевме сигурни финалисти во тој момент. Сепак со својот втор гол на денешниот дуел, Леонид Игнатов ја потврди победата, за конечен резултат од 3:2. За одбележување е дека истиот играч промаши и удар од белата точка. На тој начин со вкупен резултат од 6:2 успеавме да се пласиравме во финалето на националниот куп.

ФК Вардар: Величковски, Костовски, Крстевски, Петејчук, Речица, Асани, Салиу, Фазлиу, Омерагиќ, Игнатов, Тодоровски.

Во големото финале, ќе играме со победникот од другата полуфинална двојка која ја сочинуваат екипите на Работнички и Академија Пандев.

vardarfans